Резултати за пребарувањето: а
чабур | ж.
Голема чаша за вино
зачне | св.
Затрудни, стане бремена. Се омажи, но две години не зачна.
цуцка | ж.
Пувка (на птица). Птица со цуцка.
цуцла | ж.
Гумена шмукалка со чија помош детето шмука млеко од шише. Шише со цуцла.
чавка | ж.
Вид птица со црно-сиви пердуви, со големина на гулаб; Corvus monedula. Јато чавки.
нитна | ж.
Клинец за спојување на два дела, метални плочи и сл. при што едниот крај се сплескува откога ќе се закове.
чекач | м.
Тој што чека. Ловџиите се поделија на два табора, едните се терачи, другите чекачи.
јадеж | м.
Чувство на чешање; Правот причинува јадеж и воспаление на кожата. Јадеж му ја полази сета снага.
комар 2 | м.
Различни видови хазардни игри, игри за пари; коцкање. Игра комар по баровите и хотелите. На комар ја изгуби куќата.
колај | прид.
Што е лесен, што е без тешкотии. Колај живот. Колај работа.