Резултати за пребарувањето: а
ак | м.
Плата, награда. Си го зема акот, а службата не си ја врши.
ат | м.
Коњ. Јаваше на црн ат и мавташе со сабјата.
ар 2 | м.
Единица за мерење површина, сто квадратни метри.
да 1 | чест.
За позитивен одговор, за потврдување. Дали ќе дојдеш? – Да.
ал | прид.
Отвореноцрвен, алов. Ал трендафил. Ал пипер.
ал | м.
Беда, неволја, несреќа. Не си го гледаш алот и таксиратот! Од староста ал поголем нема.
ка | прил.
на 2 | чест.
За посочување или при подавање; На ти ги твоите добри девојчиња. На, земи и ти малку од питава. На ти некој денар да ти се најде. На ви по едно јаболко.
ам | м.
Запрежна коњска опрема. Тој продаваше амови по панаѓурите.
са | прид.
Само во состав со некои именки што означуваат време – цел, сиот: са лето, са зима, са година, са ноќ. Са зима болна лежала. Са лето работел на село. Са ноќ не заспал.