Резултати за пребарувањето: а

навре 1 | св.

Вовлече, втера во нешто тесно. Прстенот што го навре не можеше да го извади. Одвај ги навре прстите во ракавиците.

сенар | м.

Продавач на сено.

шетач | м.

Тој што шета, што сака многу да оди пеш, да се движи, да пешачи. По планинската патека имаше многу шетачи. Првите шетачи на корзото се појавија.

шипка 1 | ж.

Растение во вид на грмушка, дива роза; Rosa canina, шип_1, шипинка_2. Шипката расте до 3 метри. Шипките беа расцветани.

навре 2 | св.

Надојде, исполни, обземе. Солзи му навреа на очите. Силна тага му навре во душата. Не можев да најдам одговор на прашањата што ми навираа. Тешки спомени навираа во душата на стариот мајстор.

шифра | ж.

Избрани, определени, договорени знаци кои ги заменуваат општопознатите за да се заштити нешто и за да се употребува од избран број луѓе. Писмото беше напишано со шифри. Систем од броеви и шифри.

шепка | несв.

Поткажува со шепотење, дошепнува, шепнува повремено; сака некому да помогне, да покаже, да потсети на училиште или во слични пригоди; поткаже_2. Половина ученици му шепкаа. Тој им шепка на другарите.

отказ | м.

Акт за прекинување на договорен или службен однос, за отпуштање од работа, од служба. Директорот подели неколку откази. Шефот му врачи отказ. Отказ на договор. Даде отказ на работното место.

откај | предл.

Со пространствено значење: а) Место. Ќе појдеме откај мене на концертот. б) Потекло. Сите примери му се откај Цепенков. в) Правец. Кај нас дождовите обично идат откај југ.

ламти | несв.

Силно посакува, копнее по нешто.