Резултати за пребарувањето: а

Баба | ж.

Планина во Македонија.

бала | ж.

Голем и цврсто стегнат врзоп, обично од платно. Спакува сè во една бала и се врати во селото.

Азот | м.

Област во Македонија.

амам | м.

Турска бања со парење. Вечер да одиш на амам, да се истриеш.

буба | несв.

Учи механички, напамет. По малку делува изгубено, како студент што многу буба.

иха! | изв.

За изразување голема мера. Иха, колку ми поминало мене преку глава!

знак | м.

а) Договорен белег (писмена ознака, цртеж и сл.) со кој се обележува нешто. Сообраќаен знак. Правописен знак. Математички знаци. Фабрички знак. б) Предмет што служи за обележување, за покажување нешто. Пред шалтерот имаше знак дека не работат. Стави знак до каде е негово.

бале 1 | м.

Вок. од брат. ‒ Тале ‒ викна по него цецка му, ‒ ела малце кај мене, бале! Кажи, бале, мило брате, / од што болка лежиш? Та слушајте море, балевци!

ашка | несв.

Турка. Децата се ашкаа пред вратата. Девојчето го ашкаше братчето на клупата.

вика | несв.

Зборува, кажува гласно. Сите викаа: „Песна да чуеме!“