Резултати за пребарувањето: а
право- 2 | претс.
Како прв дел од сложенки со значење што се однесува на право (правобранител, правосудство).
празен | прид.
а) Што не е исполнет, наполнет со нешто, во кој нема ништо; полн. Празен амбар. Празна чаша. Празна кутија. Празно шише. б) Што не е пополнет, што е без текст. Празен лист. Празен формулар. Празна тетратка. в) Што не е натоварен со нешто, што е без товар. Празен камион. Празни вагони. Празни коњи. г) Што не е населен, во кој не живее никој, во кој нема никој. Празен град. Празно село. Празни улици. д) Што не е зафатен со нешто, запоседнат од некого. Празен кревет. Празен стан. Празна куќа. Празно место. ѓ) Што нема волја, желба за работа, што е безделен. Не стој празен, фати се за работа!
прамен | м.
Кичер, перчин коса. Еден прамен од косата му паѓаше преку очите. Неколку прамни коса ѝ излегуваа од под шамијата.
пратец | м.
Дрвена, метална и сл. права, нееластична прачка. Од гранката што ја отсече си направи пратец.
лоцира | св. и несв.
Смести, сместува нешто на определено место, определи, определува место на нешто.
правач | м.
(разг.) Тој што прави нешто. Правач на буриња.
затруе | св.
а) Направи нешто да биде отровно. Ископувањето во блискиот рудник ја затру водата. Излеаната нафта во морето ги затру рибите. б) Даде некому нешто (храна и сл.) отровно. Ги затруле децата со сладолед. Соседите ни го затруја кучето.
поштар | м.
Службеник што работи во пошта. Друштво на поштарите.
лоткар | м.
Лице што управува со лотка. На крмата седеше лоткар. Лоткарот мавташе со веслото.
издива | несв.
Силно вдишува и издишува, забрзано дише. Старата честопати издива и офка.