Резултати за пребарувањето: а

припка | несв.

Лесно трча, трчка. Детето припкаше по мајката.

изрига | св.

Исфрли силно со ригање, блуе. Вулканот изрига лава во огромни количества. Оџакот изрига црн чад.

мамуза | ж.

Метален дел на петицата на задниот дел од чизмите со кој се подбуцнува коњот при јавање. Го бодеше коњот со мамузите за да трча побрзо.

замрда | св.

Почне да мрда. Таа ги замрда прстите. Тој замрда со главата.

изруча | св.

Изеде ручек, јадење до крај; Слатко го изручавме зелникот.

изрива | несв.

примат | м.

Највисок ред на цицачи – мајмуни, полумајмуни и човек.

призма | ж.

(мат.) Геометриско тело ограничено со два еднакви многуаголника што лежат во две паралелни рамнини и онолку паралелограми колку што страни имаат многуаголниците.

приказ | м.

Кратка рецензија, оцена на научно или уметничко дело. Приказ на поднесените реферати на Конгресот.

капира | св. и несв.

Сфати, сфаќа, разбира. Тој капираше сè што ќе му кажев.