Резултати за пребарувањето: а

адитив | м.

Додаток, обично за подобрување на квалитетот на некои производи. Брашното е без адитиви. Моторното масло е со адитиви.

рајски | прид.

Што се однесува на рај. Рајски порти. Рајски градини. Рајско јаболко.

ракита | ж.

Вид ниска врба со црвеникава кора; Salix purpurea. Крај реката нависнале ракити.

разрие | св.

Изрие, раскопа. Разријте ја таа грамада, расчистете го патот. Тој ја разри земјата околу себе. Водата ја разри браната.

изрази | св.

а) Со зборови искаже став, мислење, чувство и сл. Директорот изрази задоволство од нашиот успех во работата. б) Искаже цел, намера, желба. Тој изрази желба да го посети нашиот град. Директорот на фабриката изрази готовност да го финансира нашиот проект.

заврти | св.

Доведе нешто во кружно движење околу неговата оска. Го заврте клучот на вратата. Го заврте воланот за цел круг.

зацари | св.

Прогласи некого за цар. Тој го зацари својот единствен наследник.

разрез | м.

Прорез, разрежано место. Фустан со разрези отстрана. Кошула со длабок разрез. Разрези на ракавите.

мотика | ж.

Железно орудие со долга рачка за копање земја, прекопување посеви и др. Ја нарами мотиката. Ги грлевме пченките со мотиките. Со мотиката ги правеше леите.

врлува | несв.

Беснее, уништува. Чумата врлуваше.