Резултати за пребарувањето: а

ракета 1 | ж.

а) (воен.) Експлозивно тело со разорна моќ, проектил. Атомските ракети се свртени кон небото. Во подморницата има сто атомски ракети. Најновите ракети имаат силна разорна моќ. Ракета земја ‒ воздух. б) Вид граната што експлодира во воздух и дава светлина. Сигнална ракета. Светлосна ракета. Запалива ракета. Правеле огномет со ракети.

разред | м.

Група, дел. Платни разреди.

разрез | м.

Прорез, разрежано место. Фустан со разрези отстрана. Кошула со длабок разрез. Разрези на ракавите.

зацеди | св.

Почне да цеди; цеди. Тој зацеди лимон во цедалката.

зацели | св.

Залечи, заздрави рана. Раната зацели и набрзо стана од постела.

мравка | ж.

Мравки го полазија. Ситни мравки. Вреден како мравка.

заврти | св.

Доведе нешто во кружно движење околу неговата оска. Го заврте клучот на вратата. Го заврте воланот за цел круг.

зацепи | св.

Почне да цепи дрва. Тој си укна во рацете и зацепи од дрвата.

разори | св.

Опустоши, разнесе (со експлозив и сл.); разурне, разруши. Војската ја разори зградата со бомби. Атомската бомба го разори градот. Земјотресот го разори Скопје.