Резултати за пребарувањето: а

разрие | св.

Изрие, раскопа. Разријте ја таа грамада, расчистете го патот. Тој ја разри земјата околу себе. Водата ја разри браната.

разора | св.

Првпат обработи, изора земја (нива, ледина). Тој ја разора ледината.

рајски | прид.

Што се однесува на рај. Рајски порти. Рајски градини. Рајско јаболко.

зачува | св.

Почне да чува, да одгледува нешто. Зачуваа кокошки.

тамани | несв.

Уништува со убивање, ловење и сл.; истребува. Норовите ја таманат плашицата.

зачуди | св.

Предизвика чудење, предизвика восхит, изненадување. Постапката го зачуди. Зачуди нејзиното ненадејно излегување од состанокот.

јамбол | м.

(зоол.) Вид петел покрупен од обичните, со високи, жолти нозе.

завози | св.

Почне да вози; Го завози автомобилот иако немаше дозвола.

зачука | св.

Почне да чука, да удира, да тропа. Некој зачука на вратата. Од изутрина кај зачукал.

избрза | св.

Истрча, пред некого, испревари некого. Командантот избрза пред сите други.