Резултати за пребарувањето: а

испапа | св.

Изеде (при обраќање кон дете). Ти, детуле, ќе треба уште десетина фурни леб да испапаш за да ме стасаш мене!

бамбус | м.

Вид тропска трска висока од 25 до 30 метри што се користи за мебел, за спортска опрема и сл.; Bambusa arundinacea. Бамбусите се брануваа на слабиот ветрец.

испара | св.

Со парање врати во претходната состојба тоа што е сошиено или сплетено. Испара ракав. Испара чорапи.

бачило | ср.

Летна сточарска дрвена колиба или населба каде што во текот на летото сточарите го чуваат добитокот и подготвуваат млечни производи. Чорбаџиите се групираат по четворица и прават едно бачило. Имал стадо на бачило.

испари | св.

Се претвори во пареа, мине во гасовита состојба. Водата испари од тенџерето. Испари мирисот од шишенцето.

застра | прил.

Утро.

лабаво | прил.

Зборот е поврзан со:

накупи | св.

Купи доволно, според потребите, или купи многу, големо количество. Отишол в чаршија и накупил сè што му треба. За Нова година накупија секакви подароци. Му се виде евтино, и сакаше да накупи за цела година.

застој | м.

Прекин, задржување на некаква дејност или движење за извесен временски период. Застој во работата. Застој во стопанскиот развој. Застој во сообраќајот.

погаче | и. ср.

Зборот е поврзан со: