Резултати за пребарувањето: говор
говор | м.
(лингв.) Начин за разбирање меѓу луѓето со помош на артикулирани гласови; устен јазик.
говори | несв.
Држи говор, држи беседа; предава. Претседателот говореше за актуелните проблеми во државата.
говора
Зборот е поврзан со:
говори
Зборот е поврзан со:
зговор | м.
Согласност; сложност. Браќата постигнале зговор околу имотот.
договор | м.
а) Постигната согласност, писмена или усна, помеѓу две или повеќе страни за нивните меѓусебни односи, права и задолженија; спогодба. Денес мораме да потпишеме договор и да ја уплатиме првата рата. Колективен договор. Општествен договор. б) Советување, разговор за донесување заеднички одлуки. Во оваа тивка ноќ се собравме како браќа и луѓе на договор. в) Заедничка одлука донесена по некој разговор. Телефонскиот договор за средба и интервју беше мошне кус и ефикасен.
одговор | м.
Возвраќање, исказ што се дава на поставено прашање. Точен одговор. Краток одговор. Чекаше одговор. Духовити одговори.
говорен | прид.
Што се однесува на говор. Говорен апарат. Говорна емисија. Говорни особености.
изговор | м.
Начин на изговарање на гласови, зборови и сл. Правилен изговор. Литературен изговор.
заговор | м.
Тајно здружување за заедничко дејствување против некого или нешто со политички или со други цели. Дворјаните коваа заговор против кралот. Нема власт без буна и без заговор. Луѓето свикнаа на заговори и на штрајкови.