Резултати за пребарувањето: говор
разговор | м.
Зборување меѓу две или повеќе лица, размена на мислења, ставови по устен пат. Пријателски разговор. Сериозните разговори често завршуваа весело. Водеа разговор за обични работи. Кога таа влезе, тој го прекина телефонскиот разговор.
зговорен | прид.
Сложен, еднодушен. Зговорни другари. Зговорна дружина.
говорење | глаг. им. ср.
Зборот е поврзан со:
говорник | м.
Човек што држи говор; оратор, беседник, предавач. На трибината говорникот наврапито се качи: говореше долго.
заговори | св.
Почне да говори; говори_1_2 Првпат сега заговорија на таа тема. Влезе директорот в училница и веднаш заговори.
одговори | св.
Даде одговор на поставено (усно или писмено) прашање. Ученикот одговори точно на сите прашања. Таа ништо не одговори. Старецот одговори со тажен глас.
говорлив | прид.
Што говори многу, што сака многу да зборува; зборлив. Жените беа говорливи.
наговори | св.
Со зборови, со говорење поттикне некого на некаква постапка, да направи нешто. Го наговори брата си да ја продадат куќата.
поговори | св.
Поразговара, позборува.
наговори
Зборот е поврзан со: