Резултати за пребарувањето: г

влог | м.

Тоа што некој го вложува, најчесто паричен износ, во банка, во некоја работа, во игра на среќа и сл. Основачки влог. Штеден влог.

гипс | м.

Минерал со бела, жолтеникава или сивкава боја што се употребува во моделарството, во градежништвото, во медицината (хируршки завој) и сл. Ја скрши раката и му ставија гипс.

гака | несв.

Испушта глас како гуска. Од раното утро гуските почнаа да гакаат.

глад | м.

Чувство на потреба, неопходност од храна. Беше свесен само за онаа прва вистински сетена болка на гладот во својот стомак.

грчи 1 | несв.

Стега, свива во грч. Ги грчеше усните од страв.

гаќи | и.

Долна облека, обично од памук, за долниот дел од телото, со или без ногавици. Човекот на себе имаше само кошула, гаќи и нови опинци.

губи | несв.

Престанува да има нешто, останува без нешто, снемува, загубува нешто. Тој постојано ги губи клучевите. Почна да си ги губи пријателите.

глас | м.

а) Звук што се создава во грлото со помош на гласилките при зборување, при пеење и сл. Силен глас. б) (лингв.) Најмал елемент на јазикот – согласка, самогласка.

гала | прид.

Свечен, раскошен. Гaла-вeчер. Гaла-вeчера. Гaла-кoнцерт. Гaла-прeтстава.

Гиза | ж.

Предградие на Каиро, Египет.