Резултати за пребарувањето: еж

текнеж | м.

Желба, барање, каприц. Таа имаше несфатливи текнежи.

залежи | св.

Почне да лежи (обично од болест). Детето залежа болно пред една недела.

отежне | св.

Стане потежок од порано. Тутунот отежнал од влагата. Детето отежнало од многу јадење и лежење.

обреже | св.

Изреже, исече краишта на нешто, обично вршки, гранчиња на растение. Тој ги обрежа јаболкниците во дворот.

глотеж | м.

Нешто што е нечисто, загадено.

оснежи | глаг.

Падне малку снег.

одежда | ж.

Облека на свештениците. Свештеничка одежда.

режира | св. и несв.

Изврши, врши работа на режисер. Тој ја режираше оваа драма.

шилеже | ср.

Јагне од една година што е одбиено од овцата, пораснато јагне. Месо од шилеже. Изедоа едно цело шилеже.