Резултати за пребарувањето: елка

елка | ж.

Иглолисно зимзелено дрво со конусна круна; Abies alba.

белка | ж.

Проѕирна течна материја околу жолчката во јајцето. Таа измати белки со шеќер.

желка | ж.

Копнено и водно животно покриено со цврст оклоп што се движи бавно на четири нозе, кои заедно со главата може да ги вовлече во оклопот; Emys orbicularis. Во капиновите грмушки шушкаа желки.

зелка | ж.

Вид градинарско растение со ниско стебло од кое излегуваат густи, сочни листови, налегнати еден врз друг во вид на топка; Braccica oleracea.

делка | несв.

Обработува и обликува камен или дрво со алатки, прави да е соголено и да е мазно. Делка греда. Делка нови штици. Делка трупци. Делка камења.

зделка | ж.

Договор меѓу две страни за извршување определена работа. Трговска зделка. Успешна зделка. Склучи добра зделка.

зделка | св.

Направи нешто со делкање. Зделка прекрасна шупелка. Тој беше дете, но успеа да зделка едно триножно столче гледајќи го дедо си.

делкач | м.

Тој што делка. Делкач на дрва. Делкачот делка по цел ден.