Резултати за пребарувањето: игра
триграф | м.
Три букви што означуваат еден глас.
играчки | прид.
Што се однесува на игра и на играч.
подигра | св.
Разигра коњ малку, донекаде. Го подигра коњот пред да тргне на непријателската војска.
преигра | св.
Изигра, одигра повторно или поинаку. Натпреварот ќе се преигра в сабота.
игралит | прид.
Разигран, весел. Срце игралито.
надигра | св.
Победи некого со подобра игра. Гостите ја надиграа екипата на домаќинот во сите дисциплини.
играчка | ж.
Предмет што им служи на децата за играње, за забава. Детска играчка. Играчка од шарени парталчиња. Торба полна играчки.
епиграф | м.
Натпис на надгробен споменик, на некаква градба и сл. Епиграфите го откриваат нашето минато.
игранка | ж.
Забава, приредба организирана за играње, за танцување. Попладневни игранки. Девојките одеа на игранки.
проигра | св.
Почне да игра, да танцува, заигра првпат. Девојчето беше срамежливо, но сепак проигра.