Резултати за пребарувањето: кас
Њукасл | м.
Главен град на сојузната држава Нов Јужен Велс, Австралија.
касмет | м.
Среќа. Тргна да си го бара касметот.
касиер | м.
Тој што работи на каса во продавница или што води евиденција за издадена храна и пијалак во кафеана. На долгиот шанк седеше касиерот и мрзоволно гледаше во него.
пикаса | св.
Забележи.
каскет | м.
Кожен каскет.
кастел | м.
Замок, тврдина.
касапи | несв.
Сече, подготвува за продажба и продава месо; работи како касап.
искаса | св.
Касне на повеќе места или неколку пати. Го искасаа пчели.
кастри | несв.
Сече или потсекува нешто. Татко му ги кастреше старите стебла. Брадата ја кастри со ножиците.
касаба | ж.
Гратче во внатрешноста, паланка. Во касабата сега имаше постојан одред војска.