Резултати за пребарувањето: клас
клас 2 | м.
Степен на школување во средно училиште во траење од една година; едногодишна наставна програма. Тој тргна во први клас гимназија. Тој го повторуваше класот.
клас 1 | м.
Најгорниот дел од житни растенија каде што се образува семето; целиот страк заедно со тој дел. Житен клас. Ветерот поддувнуваше, класјето се нишаа и се брануваа како морски бранови. Жени и старци ги собираа класјето.
класи | несв.
Развива, создава клас. Житото почна да класи.
класа
Зборот е поврзан со:
класа | ж.
Слој луѓе што имаат иста положба во системот на општественото производство и исти економски интереси. Општествена класа. Работничка класа. Феудална класа. Граѓанска класа. Владејачка класа. Градот е убав за богатите, а прифатлив за средната класа.
класа
Зборот е поврзан со:
класи
Зборот е поврзан со:
класов | прид.
Класови белези.
чеклас | м.
Иглички на класот кај некои жита и треви слични на жито. Чеклас му се нафатил по чорапите. Откако го издува чекласот, го чисти глотежот од зрната.
класен 1 | прид.
Што се однесува на клас2. Класен раководител. Класен час.