Резултати за пребарувањето: колк

колк | м.

Коска меѓу карличната и бедрената коска.

колка | несв.

Дава на животно да јаде големи количества храна.

колку | зам. прид.

Во реченици кога се истакнува нешто. Колку маки за ништо! Колку е добар!

колку | прил.

Во која количина или број е. Колку го купи? Колку тежи? Колку е часот?

колку | сврз.

Во односни (релативни) реченици во сврзувачка функција за да се изрази споредба врз основа на количество, заедно со што. Тој ми даде пари колку што ми требаа. Ние работиме онолку колку што можеме. Таа изеде колку што можеше.

колкав | зам. прид.

Во прашања за количество – колку голем по обем. Колкава куќа си купивте? Со колкава радост го дочека?

школка | ж.

(зоол.) Вид водно животно што живее во слатки и во солени води, заштитено со тврда обвивка; Bivalvia. Морски школки. Речни школки. Брег познат по убавите школки и корали.

школки

Зборот е поврзан со:

доколку | сврз.

За означување на сразмерност (во сооднос/заедно со прилогот дотолку). Доколку му беше мачно што не стигнаа во некое населено место, дотолку господарот му беше задоволен што ќе може да преспие под ведро небо. Доколку би се успеало да се определат сите лексички синоними, дотолку појасна слика би имале за првобитниот словенски превод.

наколка | св.

Преполни, нагнете (вреќа, торба и др.).