Резултати за пребарувањето: лик
црволик | прид.
Што личи на црв. Црволика форма.
шаролик | прид.
Што е разнообразен, мешан. Шаролик предел со различни ендемски видови растенија. Шаролика група. Шаролик свет.
медлика | ж.
Слатка материја што ја исфрлаат лисните вошки и други растителни паразити, остаток од растителните сокови со кои се хранат овие инсекти, се таложи во вид на капки најчесто на лисјата; медена роса.
ликовен | прид.
Што се однесува на област на уметноста во која спаѓаат уметностите како што се сликарство, вајарство и сл. Ликовен израз. Ликовна академија.
Паликир | м.
Главен град на Микронезија.
великан | м.
Човек со исклучително ценети духовни особини, кој извршил големо влијание врз човештвото; значаен, познат, голем човек. Рацин спаѓа меѓу великаните чиешто дело е вградено во најпрогресивните традиции на македонскиот народ.
силикон | м.
(хем.) Органско хемиско соединение со голема примена во индустријата за изработка на синтетички ткаенини, накит, делови за пластичната хирургија и др.
прилика | ж.
Лице што се согласува, што одговара некому според своите особини, години, општествен статус и сл. Тој ги одбиваше стројниците барајќи му на своето чедо што подобра прилика. Ќе нѐ посети еден човек околу триесет години, неженет и добра прилика за мажење.
даблика | ж.
Младо дабово дрво со низок раст. Замина меѓу дабликите каде што имаше премин.
гликоза | ж.
Материја што служи за добивање енергија кај живите организми, шеќер; гроздов шеќер