Резултати за пребарувањето: лик

публика | ж.

Собир на луѓе што присуствуваат на некаков настан како гледачи или слушатели. Театарска публика. Публиката долго ракоплескаше на крајот од претставата.

металик | прид.

Што има метален отсјај. Металик боја.

прилика | ж.

Лице што се согласува, што одговара некому според своите особини, години, општествен статус и сл. Тој ги одбиваше стројниците барајќи му на своето чедо што подобра прилика. Ќе нѐ посети еден човек околу триесет години, неженет и добра прилика за мажење.

јаглика | ж.

Рано пролетно цвеќе со жолти и поретко розови цветови; Primula officinalis.

русолик | прид.

Што е со светол лик. Русолик човек.

белолик | прид.

Што има бело лице, што е со изразито бела боја на лицето. Тој беше висок и белолик, а таа црномуреста. Белоликата, витка селанка ја симна шамијата.

силикон | м.

(хем.) Органско хемиско соединение со голема примена во индустријата за изработка на синтетички ткаенини, накит, делови за пластичната хирургија и др.

заблика | св.

Почне да блика; Од носот му заблика крв. Тој заблика од радост.

срцелик | прид.