Резултати за пребарувањето: одговор

одговор | м.

Возвраќање, исказ што се дава на поставено прашање. Точен одговор. Краток одговор. Чекаше одговор. Духовити одговори.

одговори | св.

Даде одговор на поставено (усно или писмено) прашање. Ученикот одговори точно на сите прашања. Таа ништо не одговори. Старецот одговори со тажен глас.

одговори

Зборот е поврзан со:

подговори | св.

Незабележано потсети некого на нешто. Му подговори да не оди по риба.

одговорно | прил.

Зборот е поврзан со:

одговорен | прид.

Што има, што носи одговорност за извршувањето на нешто. Тој е главен и одговорен уредник на весникот. Јас сум одговорен за редот овде. Одговорни работници.

одговорат

Зборот е поврзан со:

подговорат

Зборот е поврзан со:

одговорност | ж.

Обврска за совесно и добро извршување на примената должност, работа, задача со прифаќање да се одговара за лошото извршување, грешките, неуспехот во тоа. Морална одговорност. Политичка одговорност. Колективна одговорност. Не прифати никакви одговорности.

неодговорно | прил.

Зборот е поврзан со: