Резултати за пребарувањето: под

сподавен | прид.

подмрзне | св.

Смрзне, замрзне малку, во некоја мера или само на површината. Како што е влажно, ако подмрзне тешко ќе се оди по патот. Спрострените алишта подмрзнале на ветрот. Снегот подмрзнал.

подзбере | св.

Донекаде збере, собере нешто расфрлано. Ги подзбра алиштата на куп и ги пикна во плакарот.

подмрдне | св.

помрдне.

подбивен | прид.

Што содржи, што изразува подбив; Подбивен поглед. Подбивна насмевка. Подбивни зборови.

подмолен | прид.

Што е подјаден, ископан од вода под карпа, дрво и сл. Подмолно место. Подмолен вир.

исподели | св.

Подели нешто на многу делови. Тој го исподели лепчето на сите деца.

подготви | св.

Направи, приготви однапред за постигање на некоја цел, намена. Владата подготви неколку мошне важни закони од сферата на економијата. Механичарите го подготвија авионот за лет. Земјоделците ја подготвија земјата за есенска сеидба. Тој подготви појадок за себе и за сестра си.

подмлачи | св.

Смлачи, стопли малку, донекаде. Го подмлачи јадењето.