Резултати за пребарувањето: скара

скара | св.

Предизвика недоразбирање, караница меѓу две или повеќе лица. Братучедот подло ги скара браќата. Таа работа ги скара двајцата пријатели засекогаш.

скара | ж.

Метална направа во вид на сплосната решетка за печење месо. Скара на ќумур. Во дворот направивме скара.

искара | св.

Скара некого со забележливо позасилена лутина. Дедото ги искара внуците.

раскара | св.

Предизвика, направи караница меѓу некого, скара. Старата го раскара синот со снаата. Новата невеста ги раскара роднините.

маскара 1 | ж.

Шега, подбив. Си правеше маскара со него.

маскара 2 | ж.

Козметичко декоративно средство за клепки.

поскара | св.

Скара, укори малку некого. Таа ги поскара децата.

трскара | ж.

Работилница за обработка на трска.

скараат

Зборот е поврзан со: