Резултати за пребарувањето: срам
срам | м.
Непријатно чувство предизвикано од сознанието за сопствените непристојни, неприфатливи, неугодни постапки или навредливи зборови. Голем срам. Се вцрви од срам. Без срам ја изнавреди старицата. Се караа без срам. Нели ти е срам?
срами | несв.
Нанесе, предизвика состојба, чувство на срам. Синот ги срамеше родителите со дрското однесување. Не срами ме пред гости!
усрами | св.
Направи некој да биде засрамен. Сосетката зборувајќи штогоде, ме усрами пред роднините. Ќерка ми ме усрами пред гостите.
срамат
Зборот е поврзан со:
срамеж | м.
срамни | св.
Израмни, направи нешто да биде рамно; направи рамно со земјата. Градежниците го срамнија теренот за градба.
срамен | прид.
Што предизвикува срам. Срамен чин. Срамна работа. Срамни постапки.
срамно | прил.
Зборот е поврзан со:
срамлив | прид.
засрами | св.
Направи некој да почувствува срам. Таа ме засрами пред другарите. Тој го засрами детето откривајќи ја неговата тајна.