Резултати за пребарувањето: стол

стол | м.

Дел од мебелот, од покуќнината наменет за седење со или без потпирач. Раскошно изрезбан стол. Дрвен стол. Плетен стол.

столе | и. ср.

Зборот е поврзан со:

столб | м.

а) Во градежништвото ‒ потпирач со различна форма и пресек, поставен вертикално и укрепен за цврста подлога како носечки елемент на градежен објект. Мермерни столбови го крепеа широкиот балкон. Масивни бетонски столбови. Момчето се криеше зад столбот. б) (прен.) Тој што го носи најголемиот товар, тој на што се крепи нешто. Тој е столб на семејството. Тој е еден од столбовите на организацијата.

столар | м.

Занаетчија што изработува столови и предмети од дрво наменети за домот.

столба

Зборот е поврзан со:

столчи | св.

Смачка, сплеска со толчење. Ги столчи оревите во аван. Го столчи лукот со малку сол и пиперки. Оревот го столчи со тесла на еден камен.

систола | ж.

Собирање, стегање на срцевиот мускул, при што доаѓа до исфрлање крв од срцевите комори во крвните садови.

истолчи | и.

Заврши со толчење. Истолчи кромид и му го преврза коленото.