Резултати за пребарувањето: ум

'ршум | м.

Викање, лутина, разбеснетост.

датум | м.

Точно календарско време (ден, месец, година) на некој настан. На кој датум си роден?

думка | несв.

Удира, тропа по нешто. Со рацете думкаше по вратата. Думка на тапанот.

глума | ж.

Драмска уметност, актерска игра. Со нејзината глума вистински го долови ликот што го играше.

редум | прил.

По ред, со ред еден по друг (во просторот и во времето). Години редум верувате во чуда. Ги повикуваше сите редум. Редум се гласеа селските петли.

зулум | м.

Зло, насилство, терор, тиранија. Влегоа во селото и голем зулум направија. Разбојнички зулум.

бегум | прил.

Брзо, со трчање.