замилува | св.
Почне да сака, да љуби некого; засака, заљуби. Таа го замилува најубавото момче во селото.
замин | м.
Само во изразот на замин – патем, попатно, на заминување. На замин ни се обрати со чудна насмевка. Му дофрли нешто на замин.
замине | св.
Тргне да оди, отпатува некаде. Тој замина на печалба. Утре ќе заминеме на годишен одмор. Тие заминале в град.
замира | несв.
замириса | св.
Почне да пушта мирис. Пред нив замирисаа капини. Замириса на барут.
замисла | ж.
Тоа што е замислено, смислено да се направи; идеја, намера, план за некаква работа. Основна замисла. Тајна замисла. Уметничка замисла.
замислен | прид.
Што е потонат во мисли; загрижен. Замислени луѓе.
замисли | св.
Натера да мисли, стави некого на мисла; загрижи. Вчерашниот разговор го замисли момчето.
замјаука | св.
Почне да мјаука. На вратата замјаука маче.
замк | м.
Лепило од смола. Ги залепи опинците со замк.