запина | несв.

запир | м.

Застанување, застој, прекин. Реката шумеше без запир. Коњот јуреше по ливадата без запир.

запирка | ж.

Знак на интерпункцијата; знак за одделување децимален број. Тој во своите текстови употребува многу запирки.

запис | м.

Писмен текст со определена содржина (разговор, песни и сл.). Архивски запис. Поетски запис. Фолклорен запис. Прозен запис.

записка | ж.

Краток запишан текст; белешка. Во тетратката имаше неколку несредени записки.

записка | св.

Почне да писка. Детето се најде во неволја и записка. Жените запискаа од страшната глетка.

записник | м.

Запишана содржина од говор, од дискусија и сл. (на состанок, на седница). Уште не е готов записникот од седницата. Таа ги води сите записници.