записничар | м.
Лице што води записник. Записничарот седна на својата маса.
записнички | прид.
Што се однесува на записник, што е заснован врз записник. Записничка констатација.
запита 1 | св.
Почне да пита, да проси. Тој запита по селата.
запита (се) 2 | св.
запише | св.
Писмено забележи нешто; напише. Таа запиша нешто во својот бележник. Јас запишав неколку нови рецепти. Тој запишал стотина народни песни и приказни.
запишка | св.
запишти | св.
Почне да пишти. Штом запиштија сирените, сите слеговме во визбата.
запишување | ср.
Запишувањата на факултетите започнаа.
запишувач | м.
Тој што запишува, што забележува нешто. Тој е познат како собирач и запишувач на народни умотворби. Запишувачот автентично ја запишал народната песна.
заплави | св.
Почне да плави алишта. Таа ги заплави алиштата со студена изворска вода.