запостави | св.
Не поведе грижа, не обрне доволно внимание, занемари некого или нешто. Тој си го запостави семејството. Таа го запостави учењето.
запости | св.
Почне да пости. Таа запости неколку дена пред празникот.
запотера | св.
Го снајде некого нешто, обично непријатно, лошо и во поизразена мера. Како го запотера од некое време, само по доктори оди.
запоти | св.
Накити, искити куќа и др. со зеленило; Таа ја запоти целата куќа со лескови прачки.
запоти се | св.
За човек или за животно – почне да се поти. Децата се запотија играјќи брканица.
запотка | ж.
Народен обичај на китење куќа и др. со зелени врбови или со други зелени гранки.
запотне | св.
започне | св.
Почне да прави нешто. Таа започна да се смее. Некои жени започнаа да плачат. Тој започна да бега.
заправи | св.
Почне да прави нешто. Од кога си ја заправил куќата и уште не е готова.
запраша | св.
а) Постави прашање некому; праша. Од каде си ти? – го запраша старецот. Како се случило тоа? – запрашаа присутните. б) Праша некого за нешто, во врска со нешто. Ја запрашав девојката каде се наоѓа школото. Тој ме запраша како си поминав на одмор.