застапен | прид.
Што е влезен, вклучен во нешто, што е претставен на некој начин. Застапените раскази во збирката се од неколку наши познати писатели.
застапи | св.
Замени некого, настапи во нечие име, презее нечија должност. Колегите ме застапија на состанокот. Мојот помошник ќе ме застапи на главната расправа во судот.
застапник | м.
Тој што застапува нечии интереси; претставник, пратеник. Застапник на синдикатот. Застапник на црквата.
застапништво | ср.
Тело или установа што застапува некого, што врши работи за некого и за нечии интереси; претставништво. Фирмата има свои застапништва во повеќе градови.
застарен | прид.
Што е надвор од употреба, од модата и сл., што нема важност; спрот: современ. Застарен збор. Застарени прописи. Застарени сфаќања.
застари | св.
Излезе од употреба, од обичај, од мода и сл., изгуби важност. Тој закон одамна застаре. Овој модел уште не е застарен.
застарлив | прид.
Што може да застари. Застарлив механи
застега | св.
Почне да стега. Тој го застега јажето.
застенка | св.
Почне да стенка; заофка. Застенкал од болка.
застигне | св.
Втаса, пристигне некого при одење, при движење. Таа ме застигна на неколку чекори од портата.