затера | св.

Почне да тера; да гони. Овчарот ги затера овците на пасење.

затести се | св.

Се извалка со тесто. Од месењето се затести во рацете.

затетерави се | св.

Почне да се тетерави. Тој се затетерави и падна. Од тежината коњот малку се затетерави.

затече 1 | св.

Почне да тече; Затече вода од славината. & затекоа солзи по лицето.

затече 2 | св.

Најде некого или нешто на некое место, во некаква положба или состојба. Дождот нѐ затече на нива. Ја затеков разбудена. Тој ги затекол децата како берат сливи.

затечен | прид.

Глаголска придавка од затече2. Тој не му е вистински син, туку е затечен од првиот брак на жена му.

зативне | св.

Смири; Зативна ветрот. Благиот глас на мајката го зативна плачот на бебето.

затилен | прид.

Што е на тилот. Затилен отвор. Затилен дел од главата.

затилник | м.

Заден дел на главата;

затилница | ж.

Удар со исправена дланка по тилот. Му удри една силна затилница.