затилок | м.

Заден дел на главата;

затина | несв.

затир | м.

Уништување, сотирање;

затисне | св.

Со притисок затне нешто: отвор, дупка и сл. Дупката на прозорецот ја затисна со партал. Го затисна раскрвавеното колено со едно шамивче.

затишие | ср.

Состојба на привремен прекин на некоја немирна, бурна состојба или дејност. а) За фронт – привремено смирување на борбите. Привидно затишје. Владееше затишје на целиот фронт. б) За ветар, дожд и сл. – смалување на интензитетот на природната појава. По два дена невидено невреме настапи затишје. Ветрот стивна, завладеа затишје. в) За дејност, работа – смалување на интензитетот на работата. Во издавачката дејност владее затишје.

затишти | св.

Почне да мачи, притиска нешто. а) За физичка болка. Го затишти на левата страна. б) (прен.) За духовна болка. Го затишти нешто човекот, но тој не се отвори да каже.

затка | ж.

Предмет (шише и сл.) со кој нешто се затина; тапа. Шише со затка. Плутена затка. Немаа затка, па го затворија шишето со кочанка.

заткае | св.

Почне да ткае. Затка нов килим.

заткулисен | прид.

Таен, скриен. Заткулисни договори. Заткулисни намери. Заткулисни игри.