затлачи | св.
Покрие со мил, со песок и сл. Тој покажа на голема затлачена нива.
затлее | св.
Почне да тлее. Дрвата во каминот затлеаја.
затлејува | повр.
затне | св.
Затвора со нешто некаков отвор. Бинлакот го затна со плутена тапа. Ушите ги затна со дланките за да не слуша. Скршениот прозорец го затнаа со ќебиња.
затоа | прил.
Од таа причина, поради таа причина, поради тоа. Значи, затоа не дојде.
затокми | св.
Почне да подготвува некого или нешто. Мајката го затокми својот син за свечениот ден. Од кога го затокми куферот, уште не заврши?
затолчи | св.
Почне да толчи. Жената затолчи афион во аванот.
затопи 1 | св.
Стави нешто во вода, во нешто течно. Ги затопи алиштата. Затопи еден залак леб во манџата.
затопи 2 | св.
Почне нешто што е тврдо да го топи, да го растопува. Сонцето го затопи мразот по улиците. Силниот оган го затопи парчето маст во тавата.
затопли | св.
Стопли, загрее; Го затопли малку јадењето. Не ја затопли собата, веднаш си легна. Времето полека затопли.