зглибоса | св.

Се раскали. Зглибоса дворот од пролетните дождови. Зглибоса патеката што го пресекува паркот.

зглоб | м.

(анат.) Место каде што се допираат и се поврзуваат две или повеќе коски. Еден гостински играч го повреди зглобот на десната нога. Бабата имаше болки во зглобовите.

зглобалија | прид.

Сабја зглобалија.

зглобен | прид.

Што се однесува на зглоб.

зглоби | св.

Сврзе, поврзе зглобови. Детето одвај успеа да ја зглоби играчката.

зглобница | ж.

Вид горна женска облека.

згмечи | св.

гмечи. Тој ја згмечи цигарата во раката. Ги згмечи компирите и направи пире. Ѝ ја згмечи главата на змијата со голем камен.

згнаси се | св.

се гнаси. Се згнаси од глетката. Се згнаси кога кучето му го лизна образот.

згнезди се | св.

Направи гнездо; Ластовички се згнездија под стреата.

згнете | св.

Со гнетење втера, напика; гнете. Ги згнете алиштата во торбата.