згние | св.

Сосема изгние, скапе; Сливите згнија, не се за јадење. Му згни снагата од работа во влажни подрумски простории. Човекот невин згни во затвор.

зговара | несв.

зговор | м.

Согласност; сложност. Браќата постигнале зговор околу имотот.

зговорен | прид.

Сложен, еднодушен. Зговорни другари. Зговорна дружина.

зговори се | св.

Се договори; постигне договор, согласност. Наследниците се зговорија кому колку да припадне. Се зговорија нивата да ја продадат.

зговорлив | прид.

Што може да се согласи, што може да живее во слога. Зговорлив човек.

згода | ж.

Удобност, поволност. За риболовците ваквото време е вистинска згода. Базен во сопствениот двор е жива згода.

згоден | прид.

Што сосема одговара; удобен, погоден. Згодна околност. Згоден момент. Станот имаше згоден распоред. Кучето си најде згодно легло под јаболкницата.

згоди 1 | св.

Затече, завари. За малку не го згоди домаќинот дома.