здувне | св.

Побегне, веднаш исчезне; Го пуштија условно, а тој ја здувна преку граница.

здупи | св.

За коњ – збодне со мамузи. Го здупи коњот за да стаса побрзо.

здуши | св.

Направи да се спријатели, да не чувствува некого како непријател, како туѓ.

зебло | ср.

Вид груба ткаенина (за вреќи и сл.). И двајцата беа облечени во некаква облека од зебло.

зебра | ж.

Вид копитар со црно – бели линии по телото, слично на коњ, што живее во африканските савани; Equus zebra. Зебрата често станува плен на лавот.

зебрест | прид.

Што е со линии, шарен како зебра. Зебрест мантил. Зебрести пижами.

зебу | ср.

Вид домашно говедо со грпка од масно ткиво кое се одгледува во Индија и во источна Африка; Bos indicus.

зев | м.

Рефлексен грч на виличните мускули проследен со широко отворање на устата; проѕевка.

зева | несв.

зевзек | м.

(разг.) Тој што се шегува; шегобиец, ѓаволест човек.