златка | ж.

Куна златка. Mustela martes.

златник | м.

Златна пара (со различна големина и вредност).

златникав | прид.

Што има боја слична на златото. Во рацете држеше огромна фотографија врамена во златникава рамка.

злато | ср.

Благороден метал со жолта боја; симбол Ау.

злато- | претс.

Како прв дел од сложен збор значи дека тоа што е именувано со вториот дел од сложениот збор е од злато или како од злато, златесто (обично во поетскиот јазик): златоглав, златокрил.

Златоврв | м.

Планински врв во Македонија.

златоглав | прид.

Што има глава со боја на злато. Ќе ги чува милувањата на златноглавите птици.

златогрив | прид.

Што има грива со златеста боја.

златоклас | прид.

Што има златести класје

златокос | прид.

Што има златеста коса. Златокоси девојки.