бадијала | прил.

Често во состав: за бадијала. Бесплатно, под цена, залудно, напразно, попусто, без корист. Бадијала ги даде. Не давам пари бадијала. Зборува за бадијала. Цел ден чека за бадијала.

бадијалџија | м.

Безработник, готован, мрзливец, тој што денгуби. Селски бадијалџија. Стани, бадијалџијо!

бадминтон | м.

Спортска игра слична на тенис, која се игра со топче и рекети.

бадник | м.

Верски православен празник, ден спроти Божиќ. Вечер чекаме Бадник, никаде не се оди.

бадникар | м.

Учесник во бадниковата вечер. Бадникарите седеа покрај огнот до зора.

бадников | прид.

Што се однесува на бадник. Бадникова вечер. Бадниково дрво. Се прерипува бадниковиот оган. Бадничко расположение

бае | несв.

Шепоти таинствени зборови за лекување болен. Многу баби му баеја.

баеги | прил.

Во голема мера, многу. Баеги далеку. Баеги работи. Баеги стар. Баеги пари потрошив. Настана баеги викотница.

баждар | м.

Такса за тезга на пазар. Плати баждар.