избирлив | прид.

Што многу избира, пребирлив.

избирок | м.

Тоа што останало откако се одбрало подоброто, остаток по извршен избор.

избистри се | св.

Стане бистар, се исчисти. Водата во изворот се избистри. Бебето се избистри во лицето. Погледот му се избистри.

избичи | св.

Исече греди, трупци и сл. целосно, до крај; Аврам ги избичи тополите.

избледи | св.

Стане блед, губи од интензитетот на бојата. Кошулата избледела.

изблејува | повр.

За овца ‒ испушта карактеристичен звук, блее одвреме навреме. Во трлото изблејува по некоја овца.

изблик | м.

блик. Тап пукот на грлото на шишето, потоа изблик на жолта пенлива течност.

изблика | св.

Истече силно, во големо количество, блика. Од неговиот нос изблика крв.

избликне | св.

Потече силно, наеднаш. Од чешмата наеднаш избликна студена вода.