изблиска | св.
Излие силно, наеднаш. Девојчето изблиска вода по дворот.
изблуе | св.
Поврати, исплука. Луѓето изблуја сè што изедоа на ручекот.
избоде | св.
Напаѓачот го избоде со нож војникот. Волот ја избоде со роговите кравата на комшиите.
избор | м.
Избирање и резултат од избирање. Тоа е мојот избор.
изборен | прид.
Што се однесува на избор. Изборен штаб. Изборно собрание. Изборна единица. Изборни резултати.
избори | св.
Извојува, постигне нешто со борба. Синовите наши ја изборија слободата. „Вардар“ избори солидно место во средината на првата лига.
избоцка | св.
Боцка во голема мера; Тој го избоцка детето со брадата гушкајќи го.
избразди | св.
Направи бразди, заврши со браздење; бразди Децата ја избраздија песокта. Тракторите за час ја избраздија земјата.
избраник | м.
Тој што е избран од некого. Избраник на моето срце. Избраник на народот.
избрбешка | св.
Извалка нешто, направи да биде многу нечисто; брбешка Децата ги избрбешкаа рацете во калта.