избележи | св.
Запише сè со ред.
избели | св.
Направи нешто да стане бело; бели Новиот детергент убаво ги избели алиштата.
избербатен | прид.
Што е нечист, валкан. Избербатени сокачиња. Избербатени раце.
избербати | св.
Направи да биде валкан, нечист. Детето ги избербати алиштата играјќи со кал.
избере | св.
Врши, прави избор; избира. Советот избра нов директор. Избравме подарок. Таа избра фустан за вечерната забава.
избива | несв.
избие | св.
а) Се појави, излезе на површина. Младите стебленца избија на површината. б) Се пробие напред, стигне на некое место. Најпосле избил во првите редови. Изутрината избивме на некоја рамнина.
избира | несв.
Прави избор, Народот в недела ќе избира пратеници за новиот парламент. Таа со часови избираше чевли.
избирач | м.
Тој што избира, што прави избор.
избирачки | прид.
Што се однесува на избирач. Избирачки списоци.