избрбори | св.
Каже нешто брборејќи. Девојката избрбори штогоде, колку да кажува нешто.
избрза | св.
Истрча, пред некого, испревари некого. Командантот избрза пред сите други.
избрзан | прид.
Што е пред времето во кое се очекува нешто да се случи. Избрзана одлука.
избричи | св.
Отстрани влакна (брада) од телото со брич; Еден постар војник им ги избричи главите на регрутите. Другарите го избричија младоженецот.
избрише | св.
Со бришење отстрани нешто од некоја површина; брише Ја избриша правта од мебелот. Го избриша подот.
избришлив | прид.
Што може да се избрише.
избрка | св.
Изгони; брка Келнерот го избрка пијаницата од ресторанот. Пукотот на пушките ги избрка животните и птиците од шумичката.
избрливи се | св.
Стане брлив. Тој се избрливи со последните настани.
изброи | св.
Изговори броеви по ред; брои Детето изброја до сто без грешка.
избрсти | св.
Брсти целосно, до крај; Козите ја избрстиле оградата.