извадок | м.

Тоа што е извадено од некоја целина. Учениците прочитаа извадок од романот.

изваја | св.

Изработи, оформи уметничко дело, фигури од гипс, глина, дрво, мермер и сл.;

извала | св.

Заврши со валање;

извалка | св.

Направи нешто да биде нечисто. Ја извалка кошулата.

изварди | св.

Доварди до крај, исчува целосно;

извари | св.

Изврие, испари. Супата изварила.

изварка | ж.

Млечен производ што се добива со варење на сиратката; урда. Козја изварка. Качамак со изварка.

извеан | прид.

Што душевно многу попуштил (обично од старост); сенилен, изветреан. Извеан старец. Тој е целосно извеан.

извева | несв.