избрчка | св.

Прави брчки на дел од човечкото тело ‒ кожа. Годините му го избрчкаа лицето.

избувлив | прид.

Што лесно избувнува. Избувлив карактер. Избувлив човек.

избувне | св.

Се појави, започне со голема сила (за појави што нагло се развиваат: војна, востание, пожар итн.) Од вулканот избувна лава. Во плевната избувна пожар. Во целата земја избувна востание.

избугари | св.

Расипе. Ја избугари работата.

избудали | св.

Направи некој да побудали, да стане будала. Ги избудали сите по дома.

избуричка | св.

Измеша, со буричкање испреврти целосно. Сејмените го избуричка сето сено и ги најдоа скриените деца.

избута | св.

Истурка, со туркање отстрани, измести. Тој ја избута бабата од собата.

избутка | св.

Истурка; бутка Лека, полека ги избутка кутиите до другата соба. Тој нè избутка сите нас од редот и застана најнапред.

избуца | св.

За волови ‒ буцне повеќепати, нанесе повеќе убоди, повреди со буцање, до победа на едниот од нив. Бикот го избуца тореадорот.

извади | св.

а) Направи нешто да излезе од некоја внатрешност, од некое место, надвор или нагоре, издвои од некоја средина; вади Тој извади слика од палтото. Тие не ги извадија пушките од сандакот надвор. б) Изнесе нешто пред некого; понуди нешто. Кристалниот сервис го извадивме на маса за роденденот на татко ми. Извадија матеница и сирење. в) Сосила извлече, искорне. Тој го извади забот што го болеше. Сестрата ми го извади трнот од прстот со игла. Чиракот со теслата ја извади шајката од штицата.