изведба | ж.

Извршување, оформување на нешто, давање дефинитивна форма и содржина на нешто, реализација. Изведбата на проектот ја финансира владата. Нацртот е добар, да видиме каква ќе биде изведбата.

изведбен | прид.

Што се однесува на изведба. Изведбен проект.

изведе 1 | св.

Водејќи, придружувајќи изнесе надвор од некоја просторија. Двајца војници го изведоа врзан затвореникот од затворот. Стопанот ги изведе маските од арот на гумното. Деверот ја изведе невестата во дворот пред свекорот и свекрвата.

изведе 2 | св.

Квачката изведе десет пилиња.

изведенка | ж.

Збор настанат со изведување од друг збор.

изведит | прид.

Строен, висок. Изведита става. Беше танка и висока, изведита и права како пушка.

изведри | св.

Направи да биде ведро. Ветерот го изведри небото.

изведувач | м.

Тој што изведува некоја работа, проект и сл. Изведувачот на градежните работи е една локална фирма.

извее | св.

Чисти жито од плева на ветер; Попладнето ја извејавме сета пченица.

извежба | св.

Стекне вештина во нешто со редовно повторување на определена работа, со вежбање. Ја извежба добро својата улога во претставата.