изврти | св.
Сврти нагло, во сосема друг правец, на друга страна. Силниот ветер ги изврти ластунките на бостањето. Тој ги изврте и ги разгледа сите фотографии што беа на масата.
извртка | св.
Денгуби некому време, го задржува во работата. Ме извртка, не си ја завршив работата.
извршен | прид.
Што е овластен да извршува, да спроведува закони, прописи на кои е заснована државата, или некаква организација. Извршен совет. Извршна власт.
изврши | св.
Направи, заврши ‒ во ред споеви, во кои дејствието го добива значењето на именката. Изврши наредба. Изврши класификација на материјалот. Конкурсната комисија го изврши изборот за директор. Убиствата ги извршил еден човек. Изврши контрола.
извршител | м.
Лице што извршува одредена работа. На тоа работно место се потребни тројца извршители.
извршувач | м.
изѓаволи се | св.
Стане итар како ѓавол.
изгази | св.
Стапне, згази се со ред, целосно; гази Го изгази снегот околу куќата.
изгаси | св.
За оган, светлина ‒ направи нешто да престане да гори или да свети. Огнот одамна изгаси. Ветрот одамна ја изгаси свеќата.
изгасне | св.