издив | м.
Олеснителен издив. До последниот издив.
издива | несв.
Силно вдишува и издишува, забрзано дише. Старата честопати издива и офка.
издивка | ж.
издивне | св.
Издиши еднаш, со еден здив. Болниот издива длабоко, со сета сила и продолжи да зборува.
издига | св. и несв.
Крева, крене нагоре, виши, извиши. Орелот ја издига желката високо над карпите. Таа го издига јајцето до висина на нивните усти и го залулува конецот.
издигнат | прид.
Што се издигнал во физичка смисла. Површинскиот слој на земјата останува издигнат.
издигне | св.
Дигне високо одеднаш; дигне Големиот бран го издигна високо чунот.
издиктира | св.
Професорот го издиктира прашањето.
издиференцира | св.
На крај се издиференцира одговорот на прашањето.
издише | св.
Испушти воздух во еден здив, одеднаш; дише и диши Тој длабоко издиша пред да почне да одговара на прашањата.