издишен | прид.

Што се однесува на издишување, што служи за издишување. Издишен вентил.

издишка | ж.

Здив, воздухот што се испушта одеднаш при издишување; издивка. Длабока издишка. Последна издишка.

издишувачка | ж.

Издишување.

издлабен | прид.

Што е добиен од длабење. Издлабена карпа. Издлабена бука.

издлаби | св.

Заврши со длабење, длаби целосно до крај. На клупата тој ги издлаби со ножот имињата на своите другари. Водата издлабила во карпите чудесни форми.

издоговори | св.

Договори конечно, целосно, договори со повеќемина, со сите. Ги издоговоривме сите детали околу состанокот.

издолжен | прид.

Што е подолг од вообичаеното. Издолжен врат. Издолжено лице.

издолжи | св.

Продолжи, направи да биде подолго од порано; Го издолжи вратот кон луѓето што влегуваа.

издотера | св.

Дотера во голем број: а) луѓе; б) добиток; дотера 2. Уреди, многу добро изработи, направи. Ја издотерале куќата, за милина.

издраска | св.

Повреди, оштети драскајќи. Трњето го издраска по лицето.